Синоќа Манчестер Јунајтед го совлада Тотенхем со 3:2 во 29. коло од англиската Премиер лига.
Сите три гола за „црвените ѓаволи“ ги постигна Кристијано Роналдо.
Роналдо најпрвин го доведе својот тим во водство со спектакуларен гол во 12. минута, а потоа израмни Кејн од пенал во 35. минута.
Три минути им беа доволни на Португалците повторно да ја затресат мрежата на Спарс и на пауза се замина со резултат 2:1.
Сепак, многу спорниот Мегваер си постигна автогол во 72. минута за 2:2, но Роналдо повторно беше тука за да ја спаси работата и со гол во 81. минута му донесе три бода на својот тим.
Кристијано Роналдо со првиот гол на Тотенхем синоќа го израмни рекордот на Јозеф Бикан по број на голови во историјата на фудбалот, а потоа со вториот гол го собори тој рекорд и со тоа повторно испиша историја.
Јозеф Бикан со тоа останува на второто место со 805 гола, додека сега Португалецот е на 807 и нема сомнеж дека ќе постигне уште многу.
Трет е Ромарио со 772 гола, потоа Лионел Меси со 759, а Пеле постигна 757.
По натпреварот, Кристијано Роналдо ги воодушеви фановите на Инстаграм со фотографии и описи, а објавата моментално има над 11 милиони лајкови за помалку од 24 часа.
„Исклучително сум задоволен од мојот прв хет-трик на Олд Трафорд. Ништо не е подобро од тоа да се чувството со враќањето на теренот и да му помогнам на тимот со голови и напор. Уште еднаш докажавме дека можеме да победиме секој тим секој ден, само работете и останете заедно. За нас нема граници. Без разлика на се, напред ѓаволи!“, напиша Роналдо.
View this post on Instagram