ФУДБАЛ

Роналдо следното лето има шанса да собори два рекорда

Португалскиот ас Кристијано Роналдо ќе има шанса да собори два рекорда следното лето.

И двата рекорди се однесуваат на репрезентацијата на Португалија. Првиот е дека може да стане најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, а вториот е што може да стане најдобар стрелец на Европските првенства.

Роналдо досега постигна 99 гола и е на 10 гола оддалечен од иранската легенда Али Даеи. Со оглед на тоа дека Роналдо сигурно ќе одигра неколку пријателски натпревари со репрезентацијата следната година и Европското првенство, јасно е дека има шанси да постигне 10 гола и барем да се израмни со Иранецот.

Покрај тоа, тој има можност да стане најдобар стрелец во историјата на Европското првенство. Тој во моментов го дели првото место со француската легенда Мишел Платини.

Инаку, Португалија се наоѓа во смртната група со Германија, Франција и еден од победниците во Плеј-офот на Лигата на нации, па затоа нема да биде лесно за Роналдо да го постигне тој еден гол што го носи на врвот.

Роналдо оваа сезона е во добро расположение со Јувентус и веќе постигна 12 голови на 21 натпревар и две асистенции.

Секако, неговите први цели во 2020 година ќе бидат освојување на Лигата на шампионите со Јувентус, шеста Златна топка и одбрана на Европската титула со Португалија. Ќе видиме што може да стори.