Кристијано Роналдо на својот Инстаграм се заблагодари на сите негови соиграчи кои му помогнале да постигнува голови и да стигне до бројката од 700 погодоци во неговата кариера.
– Горд сум што го постигнав 700 голови во мојата кариера. Би сакал да споделам овој момент со сите оние кои ми помогнаа да го постигнам овој успех, напиша Роналдо кој притоа додаде дека синоќа не го постигнале резултатот кој го посакуваа, но дека заедно ќе обезбедат пласман на ЕП 2020.
Португалија синоќа беше поразена од Украина со 2:1, па во последните два меча ќе се бори за пласман на ЕП. Единствениот гол за Португалците беше дело на Роналдо кој со тоа стигна до бројката од 700 погодоци во кариерата.