Кристијано Роналдо на најдобар можен начин одговори на критиките. Тој постигна хет-трик за нешто повеќе од половина час.
Роналдо беше троен стрелец против Каљари, но многумина се подготвени да кажат дека Португалецот не дојде да постигнува погодоци за просечни тимови, туку да го одведе Јувентус во Лигата на шампионите.
По елиминацијата против Порто, најпопуларниот фудбалер на денешницата се најде на удар на многу критичари, а веднаш се појавија шпекулации за негово враќање во Реал Мадрид.
После натпреварот со Каљари, новинарите побараа изјава од Роналдо. Кога стигнаа до него, пристигна „одмазда“ од три збора.
„Не давам изјави“, кратко одговори асот на Јувентус на репортерот на „Скај Спорт“.
Роналдо постигна 30 погодоци на 30 натпревари оваа сезона, но што вреди за Старата дама кога и оваа сезона нема да ја освои Лигата на шампионите.