ФУДБАЛ

Роналдо станува првата личност која достигнала над 500 милиони следбеници на социјалните мрежи

Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди и на теренот и надвор од него.

Sвездата на Јувентус стана првата личност која достигнала над 500 милиони следбеници на социјалните мрежи.

Над 261 милиони следбеници на Инстаграм, 148 милиони на Фејсбук и 91 милион на Твитер го прават португалскиот напаѓач „крал“ на социјалните мрежи.