Јувентус беше поразен синоќа од Лион, во првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на шампионите.
Дури ни Кристијано Роналдо не успеа да му помогне на Јуве да се избегне минимален пораз (1-0) од Лион.
Денес Роналдо се појави на социјалните мрежи.
„Не го постигнавме посакуваниот резултат, но натпреварите во Лигата на шампионите се секогаш тешки“, напиша Роналдо, додавајќи:
„Имаме 90 минути да се вратиме во Торино и веруваме дека ќе продолжиме понатаму“.
Јувентус мора да се опорави многу брзо од засрамувачкиот пораз,бидејки седува дербито „Дерби Д’Италија“ со Интер в недела, а потоа и реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Милан во среда.
https://www.instagram.com/p/B9DNgBdgxeB/?utm_source=ig_embed