ФУДБАЛ

Роналдо во изолација во Доха поради корона

Двократниот светски шампион со репрезентацијата на Бразил, Роналдо, се зарази со коронавирус и е во изолација во хотел во Катар.

Поранешниот најдобар светски фудбалер изјави дека се чувствува добро, а по пропуштениот дуел со Србија, јасно е дека нема да може да ги бодри Бразилците ниту во понеделник против Швајцарија.

„Имав благи симптоми на грип во средата навечер. Не бев премногу загрижен. Четврток наутро се разбудив со благи симптоми на грип. Завршив да се тестирам за ковид 19 за да ги расчистам моите сомнежи, и се покажа позитивно. Следните пет дена ќе бидам изолиран во хотелска соба. Се е во ред“, изјави Роналдо.

Бразил ја победи Србија со резултат 2:0, а двата гола ги постигна напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон.