ФУДБАЛ

Роналдо за Игуаин: Му реков да не претерува

Кристијано Роналдо стигна до осмиот гол во Серија А оваа сезона, во натпревар со Милан, во кој Јувентус со 2:0 на „Сан Сиро“.

Со ова, Јуве се врати во победничката серија по шокантниот пораз од Јунајтед на домашен терен.

„Јас сум многу среќен за голот и победата, особено за тимот. Одигравме добар фудбал, против Милан никогаш не е лесно да се игра и тоа на гости. Се вративме на шест бода пред Наполи, постигнав гол и навистина сум задоволен“
рече Роналдо.

Португалецот беше еден од фудбалерите со кои на крајот на натпреварот влезе во конфликтот со Гонсало Игуаин, кој го загуби своето трпение, откако доби црвен картон.

„Му реков на Игуаин да не претерува, ризикува поголема санкција. Тој беше многу нервозен и изгуби контрола, но не треба да го обвинуваат. Тој не кажа ништо“, рече Роналдо.

Кристијано Роналдо и Игуаин заедно играа во Реал Мадрид, од 2009 до 2013 година.

ПОВРЗАНО

Серија А