Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо зборуваше за „Газета дело Спорт“ за sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.
Новинарот на италијанскиот весник се интересираше дали Кристијано може да игра до 40-та година од животот, имајќи предвид дека на 36-годишна возраст изгледа феноменално.
Бразилската легенда, Кристијано го смета за нешто посебно.
„Не знам дали ќе игра до 40-ти, но сигурен сум дека ќе се обиде“, рече Роналдо и додаде:
“Тој е поинаков играч од оној кој играше за Реал Мадрид, тој знае дека чува. Дали сте го виделе против Сасуоло? Дури и кога е во сенка целата игра може да ве заврши со само еден потег во секунда”, рече Роналдо.
Кристијано Роналдо претходно изјави дека ќе игра се додека неговото тело може да го издржи напорот. На скоро 36 години, тој изгледа феноменално и нема сомнеж дека ќе проба сè за да игра што е можно подолго.