Кристијано Роналдо вчера ја освои наградата за животно дело на шпанскиот весник „Марка“.
Португалецот по девет сезони го напушти Мадрид и минатото лето се пресели во Јувентус, сега се надева дека ќе стане единствениот друг играч во историјата што ја освои Лигата на шампионите со три различни клуба.
Поранешниот играч на Реал Мадрид зборуваше за шансите на Јувентус, следната сезона да ја освои титулата шампион во најелитното клупско натпреварување.
„Секогаш е година на Јувентус, Мадрид, Барса. Во конкуренција како Лигата на шампионите, само една екипа може да победи“.
„Ќе го искористам примерот на Барселона: погледнете колку пари вложиле во играчи во последните пет години и не ја освоиле ЛШ“.
„Тоа, така не функционира. Јуве донесе многу добро засилување и тие се тим што ќе се бори за победа, како што секогаш го прави тоа“.
„Но, сето тоа зависи од многу фактори: ждребки, групи, моменти, повреди, среќа. Но, како што секогаш велам, не мора да бидете опседнати со Лигата на шампионите. Јуве ќе победи, ако не оваа година, да се надеваме следната или за две години “.
„И, тоа ќе биде заради нашата работна етика и начинот на кој се раководи клубот. Тие ја имаат секоја предиспозиција да ја освојат“, рече Кристијано Роналдо.
Роналдо ја освои Лигата на шампионите четири пати во низа со Реал Мадрид, а исто така успеа еднаш со Манчестер Јунајтед во сезоната 2007/2008.