На крилјата на Кристијано Роналдо, португалската репрезентација го освои трофејот на Лигата на нациите.
Португалија ја совлада Холандија во финалето минатата ноќ со 1:0, додека во полуфиналето тие беа подобри од Швајцарија (3:1). Во двата натпревари, Кристијано Роналдо беше одличен, а посебно на полуфиналниот натпревар кога постигна хет-трик.
Роналдо ја предводеше Португалија до уште една титула по Европското првенство во 2016 година. Веднаш почнаа да му кажуваат дека ја заслужува Златната топка, бидејќи оваа сезона е исто така добар.
За Златната топка зборуваше и Роналдо по натпреварот и беше целосно искрен. Тој призна дека во својата кариера никогаш немал лоша сезона, и дека овој пат ја заврши сезоната со три освоени титули.
„Јас освоив три титули оваа сезона и бев добар како и секогаш. Во мојата кариера не сум имал лоша сезона, па така ни оваа не за разликува. Моите бројки во овие 16 години кажуваат се. Не знам дали ја заслужувам Златната топка тоа ќе го оставам на оние кои даваат гласови“, рече Роналдо.
Роналдо има 34 години но сеуште е на врвот и се смета за еден од нај добрите играчи.