До последното коло Лестер беше во голема серија од осум последователни победи во Премиер лигата, таа серија ја прекина ремито со Норвич, а вчера беа поразени од Сити со 3:1.
Лестер пред себе го имаат веројатно најтешкиот можен распоред. Откако вчера гостуваа кај „Граѓаните“, тие ќе го пречекаат Ливерпул на домашен терен во следната рунда.
Тежината на распоредот ја познава и менаџерот на овој тим, Брендон Роџерс.
„Играчите не се роботи. Ова не е компјутерска игра. На 26. играме натпревар со висок интензитет против Ливерпул, а потоа за помалку од два дена, наместо одмор, нов натпревар. Тоа е неразумно, навистина. Затоа јас ќе бидам принуден да ги ротирам играчите, па дури и Варди“.
Напаѓачот на Лестер ги одигра сите натпревари оваа сезона во Премиер лигата и со 17 голови убедливо е првиот стрелец во лигата.