Рубен Невес е новиот фудбалер на Ал Хилал.
Во споредба со цените што ги платија клубовите од Саудиска Арабија во последните месеци за да доведат играчи, 47 милиони фунти (55 милиони евра) звучат како безначајна сума. Но, тоа сигурно не е.
За таа сума Рубен Невес се согласи да го замени дресот на Вулверхемптон со дресот на Ал Хилал, а англиската Премиер лига со Про лигата на Саудиска Арабија.
Се шпекулираше дека 26-годишниот фудбалер сака да го напушти Волвс за да најде работа во клуб каде што ќе игра во Лигата на шампионите. И најде клуб со кој сигурно нема да ја гледа конкуренцијата.
Играчот се договорил за личните услови, двата клуба се договориле за се, а договорот ќе биде потпишан на три години. Се очекува Невес да биде претставен во новиот клуб по репрезентативните обврски со Португалија.
На 18-годишна возраст, додека играше за Порто, тој беше најмладиот играч капитен на тим во Лигата на шампионите. А кога пристигна во Вулверхемптон од Порто, неговиот нов тим играше во Чемпионшип. Како и да гледате, победник во трансферите кои се случуваат околу Невес е секогаш неговиот менаџер Жорге Мендеш.
