ФУДБАЛ

Рудигер ја одби понудата на Челзи да го продолжи договорот

Антонио Рудигер, дефанзивецот на Челзи, одби да го продолжи договорот што му го понуди лондонскиот тим.

Договорот за германскиот репрезентативец истекува следното лето, а актуелниот европски шампион сака што поскоро да го обезбеди неговиот престој на Стемфорд Бриџ. Сепак, очигледно е дека понудата не ги задоволи апетитите на Рудигер и неговите претставници.

Реал од Мадрид и Баерн од Минхен се заинтересирани за услугите на 28-годишниот дефанзивен играч, кој ќе излезе со своите понуди во јануари следната година.

Рудигер е незаменлив во тимот на Челзи оваа година. Тој го одигра секој натпревар