Пандемијата на коронавирус е најголемиот проблем во светот денес.
Покрај тоа што уби многу луѓе, тој го парализираше светот и остави белег на спортот и фудбалот, што е целосно блокирано.
Првенствата се суспендирани, Европското првенство се презакажа за во 2021 година, а Карл-Хајнц Румениге смета дека фудбалот може да има големи последици заради оваа глобална криза.
„Никој не може со сигурност да каже што нè чека и како оваа криза ќе влијае на фудбалот во наредните недели, месеци и години“, рече Румениге.
„Последиците ќе бидат големи, очигледно. Фудбалот ќе се промени“, истакна тој, додавајќи:
„Има само една работа што можам да ја предвидам сега. Износот на трансферите и платите драстично ќе се промени во Европа. Купувањето и продажбата ќе бидат единствени на пазарот“.