ФУДБАЛ

Руни е кандидат за клупата на Јунајтед, но од Вашингтон

Поранешниот англиски репрезентативец и прославен ас на Манчестер Јунајтед Вејн Руни би можел да ја продолжи кариерата во Северна Америка откако ја напушти функцијата менаџер на Дерби Каунти.

 

Англиските медиуми пишуваат дека 36-годишниот поранешен фудбалер размислува да се врати во МЛС како менаџер на својот поранешен клуб, ДиСи Јунајтед.

Тимот од Вашингтон е во процес на потрага по нов тренер кој ќе го замени вршителот на должноста Чад Ештон, кој е на функцијата од април.

„Имаше неколку разговори со клубови – и во Англија и во странство – заинтересирани за можноста Вејн да стане нивен менаџер“, рече портпаролот на Руни.

Американските медиуми истакнуваат дека Руни и неговиот агент останале во добри односи со раководството на ДиСи Јунајтед. Англискиот ас за оваа екипа настапуваше од 2018 до 2020 година.