Легендата на Јунајтед, Вејн Руни смета дека Манчестер не може толку лесно да се крене и да се врати на врвот, тој смета дека му требаат две-три години за пофторно да се бори за трофејот во Премиер лигата.
Тој го предводеше Дерби Каунти во синоќешниот меч во осминафиналето во ФА купот во кој „црвените ѓаволи“ славеа со 3:0.
Јунајтед практично е во криза од 2013 година и заминувањето на сер Алекс Фергусон, а, според поранешниот напаѓач на Манчестер и на Евертон, на екипата и требаат неколку години да биде конкурентна во борбата за шампионската титула со Сити и со Ливерпул.
„Мора да ангажираат некои фудбалери и истовремено да се откажат од некои. Тоа не може да се случи брзо. Се обидуваа и во Луј ван Гал, па со Жозе Мурињо. Погледнете го Ливерпул, изградија тим“, рече Руни.
Манчестер Ј. во моментот е на петото место на табелата во Премиер лигата, осминафиналист е во Лига Европа и четвртфиналист во ФА купот.