ФУДБАЛ

Руни: На Роналдо нема да му биде лесно како во Шпанија и Италија

Сите со нетрпение го очекуваат второто деби за Манчестер Јунајтед на Кристијано Роналдо во дресот на „црвените ѓаволи“.

Португалецот се очекува да биде на теренот против Њукасл оваа сабота. Повеќето од навивачите ќе направат се што е можно за да го видат, има и такви како Вејн Руни, легендата на Јунајтед, кои нема да го гледаат натпреварот.

Како што објави Дејли Експрес, сегашниот тренер на Дерби Каунти рече:

„Сите знаат колку го сакам Манчестер Јунајтед и колку се уште го следам, но нема да го гледам дебито на Кристијано Роналдо во сабота. Имам слободен ден и моите две деца ги имаат своите натпревари. Така што верувам дека ќе бидам нивни возач и ќе одам да ги гледам нивните натпревари“, рече Руни и доадае:

„Мислам дека враќањето на Кристијано е позитивна работа. Се уште е меѓу најдобрите дури и дека нема да биде лесно како во Шпанија и Италија. Но, повторувам, тој се уште е меѓу најдобрите во светот“.