Вејн Руни ја одржа својата прва тренинг сесија со Дерби Каунти, пред официјално да започне да игра за тимот од 1 јануари 2020 година.
Тој ќе биде тренер-играч на „овните“ и ќе му помога на Филип Коку откако потпиша на 18 месеци.
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија покажа импресивна форма кога се појави во клупската база и се очекува да биде во оптимална состојба кога ќе има право на игра.
Руни одигра 52 натпревари и постигна 25 голови за Ди Си Јунајтед, но потоа реши да се врати на Островот. Тој ќе биде најплатен фудбалер во Чемпионшип лигата, со 100.000 фунти неделно.