Легендата на Јунајтед и Англија, Вејн Руни, е разочаран што Купот на Англија беше откажан дури во петокот.
Додека сите донесоа одлука да престанат да се натпреваруваат во сите спортови, во Англија се чекаше до „последниот час“.
Руни, кој моментално е играч на Дерби Каунти, е разочаран од тоа.
„Ако некој од моето семејство се зарази преку мене затоа што морав да играм фудбал кога не беше безбедно, добро ќе размислам дали некогаш повторно би играл. Никогаш не би им простил на надлежните“, рече Руни.
Тој е разочаран што чекаа до петок.
„Беше загрижувачка недела. Сè беше откажано и ни беше кажано да продолжиме понатаму. Мислам дека многу фудбалери се прашуваа дали се работи за парите”, вели Руни.
Тој додаде дека првенството треба да продолжи само кога е безбедно.