Рушту Рекбер беше примен во болница пред неколку дена, откако беше позитивен за коронавирус.
Претходно, неговата сопруга Исил неколкупати излезе со низа загрижувачки пораки дека поранешниот член на турската репрезентација е во критична состојба.
„Изминатите три дена беа критички, тој имаше постојана треска, но исто така и необични симптоми што никогаш не ги почувствувал. Тој чувствува огромна слабост, тој едвај можеше да се движи, го изгуби апетитот … И не само тоа, и бојата на неговата кожа се смени, буквално се претвори во сива боја. Неговото лице, усните, сè … Тој дишеше брзо и кашлаше непрекинато“, рече претходно Исил.
Сепак, Исил денес објави вест дека Рекбер не е повеќе на интензивна нега и поранешниот голман на Фенербах, Барселона и Бешикташ се очекува наскоро да ја напушти болницата.
Инаку, Рушту е рекордер по бројот на настапи за својата земја. Тој бранеше 124 пати за Турција, вклучувајќи ги и Европските првенства во 1996, 2000 и 2008 година и Светскиот куп во 2002 година.