ВАДА денеска ја казни Русија со забрана на настап на сите големи меѓународни натпреварувања во наредните четири години поради манипулирање со резултатите од допинг тестовите и прикривање на организиран допинг.
Руската фудбалска репрезентација се спаси од исфрлање од ЕВРО 2020 бидејќи се домаќини, но и бидејќи УЕФА не е светска водечка организација, во фудбалот тоа е ФИФА.
Сепак, руските спортисти ќе можат да се натпреваруваат на Олимписките игри без државни обележја доколку нивните допинг тестови направени во меѓународни лаборатории се негативни.
Слободен печат