Иако уште на почетокот светските медиуми објавија дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович учествувал во организација на преговори помеѓу Русија и Украина, сепак официјална потврда немаше. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за прв пат ги потврди ваквите информации.
– Тој навистина учествуваше во почетната фаза од преговорите. Сега се водат преговори меѓу двете преговарачки страни – Русија и Украина – рече Песков.
Инаку, Британската влада го заплени имотот на Абрамович, му ги блокираше сите сметки, меѓу кои и онаа на Челзи, па Абрамович реши да го продаде клубот. Со оглед на тоа дека му е суспендирана британската виза, Абрамович во моментов е во Тел Авив, Израел.