Руската фудбалска федерација ја продолжи пауза во шампионатот до 31 мај.
Првично, првенството требаше да започне до 10 април, но поради моменталната состојба со коронавирусот, тоа не е можно.
Руската лига беше единствена, заедно со турската која не се прекина кога започна пандемијата на коронавирусот, но сè беше брзо запрено.
Првично беше планирана едномесечна пауза, но сега фудбалерите ќе го продолжат одморот.
Досега во Русија се заразени околу три илјади луѓе, а бројот на мртви е 24.
https://twitter.com/tassagency_en/status/1245425700665991169