УЕФА се огласи кога се во прашање руските клубови по сите настани и руската инвазија на Украина.
Водечката европска фудбалска куќа потврди дека руските клубови ќе продолжат да се натпреваруваат во европските купови, иако вечерашниот реванш меч од Лигата на Европа меѓу Бетис и Зенит беше под знак прашалник.
UEFA confirm Zenit Europa League game goes ahead tonight.
— Simon Stone (@sistoney67) February 24, 2022
Во првиот меч Бетис победи со 2:3, па Зенит вечерва го очекува тежок натпревар.
Одлуката за Зенит важи и за другите руски клубови во Европа, поточно за Спартак Москва, кој директно е во осминафиналето во Лига Европа и го чека својот противник по натпреварите од шеснаесетфиналето на Лига Европа.
Што се однесува до украинските клубови, УЕФА ќе има многу работа бидејќи таму првенството е прекинато и прашање е какви одлуки ќе бидат на сила пред европските натпреварувања следната сезона.