Тенисот повторно беше во центарот на вниманието на церемонијата „Лауреус“, каде што главните индивидуални признанија завршија во рацете на Арина Сабаленка и Карлос Алкараз.
Белорусинката беше прогласена за спортистка на годината, додека Шпанецот ја понесе наградата за најдобар спортист и со тоа дополнително ја потврди доминацијата на тенисот на ова престижно доделување.
Алкараз го заслужи признанието по сезона во која ги освои Ролан Гарос и УС Опен, ја заврши годината како број еден, а одличната форма ја пренесе и во 2026 година со освојување на Австралија опен.
Сабаленка зад себе има извонредна година со титули на Вимблдон и УС Опен, како и финале на Ролан Гарос, а и двајцата по доделувањето истакнаа дека оваа награда има посебна емотивна вредност за нив.
Кога станува збор за историјата на Лауреус, врвот и понатаму го држат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со по пет награди, додека кај спортистките водат Серена Вилијамс и Симон Бајлс со по четири признанија.
Во останатите категории, победници беа Пари Сен Жермен како тим на годината, Ландо Норис како спортист во подем, Рори Мекилрој за камбек на годината и Ламин Јамал како најдобар млад спортист.
