ФУДБАЛ

Садио Мане и друштвото со еден гол на три натпревари продолжија понатаму

Комплетирани се сите натпревари од групата Б на Африканскиот куп на нации.

Од оваа група минаа и Сенегал кој е еден од фаворитите на турнирот и Гвинеја.

Сенегал стравуваше од Малави, на крајот заврши со резултат 0:0, додека Гвинеја загуби од Зимамбве со 2:1.

На крајот Сенегал со Садио Мане со само еден гол во три меча го освои првото место и пласманот во нокаут фазата.

Малави има шанса да оди понатаму преку најдобрите третопласирани, но треба да почека да се развие ситуацијата во другите групи.