Готово е, Сенегалецот доаѓа во редовите на германскиот великан Баерн.
Мане (30) има уште една година договор со Ливерпул, но сепак реши да го напушти Енфилд ова лето и клубот ќе го продаде на Баерн.
По поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, Мане даде изјава во која навести трансфер. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за се и на тренерот. На овој тим му посакувам се најдобро во светот“, изјави одличниот Сенегалец.
Последните информации од странските новинари велат дека Мане договорил тригодишен договор со Баерн, иако за него подеднакво биле заинтересирани ПСЖ и Барселона.
„Тој директно разговараше со Јулијан Нагелсман. Сега останува на клубовите да се договорат за обештетувањето. Ливерпул и Баерн вчера започнаа официјални преговори“, беше објавено.
Мане дојде во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година и со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, Светското клупско првенство, ФА Купот и Лига купот, постигнувајќи 120 гола на 269 настапи за славниот клуб.
Тој беше и капитен на Сенегал кој го освои Африканскиот куп на нации во февруари.
Баерн го бараше доаѓањето на големата ѕвезда по една не толку добра сезона и трансферот на Мане би можел да биде вистинската работа, но прво Баварците ќе треба да се договорат со Ливерпул за висината на обештетувањето. Со оглед на тоа што Мане влезе во последната година од договорот, очигледно е дека ова ќе биде мала и прифатлива компензација за Баерн.
Доаѓањето на Мане ќе му помогне на Баерн да го надмине заминувањето на Роберт Левандовски, кој го одби новиот договор и јасно му стави до знаење на клубот дека е подготвен да ги промени и тимот и лигата. Во Барселона се очекува…