Челниците на Тотенхем и Баерн не постигнале договор околу трансферот на Хари Кејн во редовите на Баварците, пренесува Sky Sports.
Како што се наведува, челниците на Баерн биле подготвени да одвојат околу 100 милиони евра за Кејн, но шефот на Спарс, Даниел Леви побарал 125 милиони за капитенот на репрезентацијата на Англија.
Капитенот на Англија има договор со Тотенхем до 30 јуни следната година, не сака да го продолжи, па логично е сега да ја смени средината. Пред еден месец се чинеше дека Баерн е неговиот нов клуб, но тврдоглавиот сопственик на Тотенхем, Леви одби две понуди од германскиот шампион, од 70 и 80 милиони евра. Сега ја одби и третата и прашање е дали Баерн ќе има трпение за него. Не е невозможно да се сврти кон други решенија, иако Кејн изрази голема желба да го облече дресот на Баерн.
Ситуацијата околу Кејн ја следат Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, а многу е можно Леви со упорното одбивање на Баерн да се обидува да добие понуда од 125 милиони од нив, која очигледно би го задоволила …
Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.
