ФУДБАЛ

Сагата заврши, потпиша Мауро Икарди!

Повеќе не постои дилема околу тоа каде ќе игра следната сезона Мауро Икарди, кој минатата сезона ја мина на позајмица во ПСЖ.

Како што беше најавено, сагата заврши, денес е финализиран договорот меѓу ПСЖ и Интер, а Мауро Икарди потпиша договор со ПСЖ на четири години.

Така, Аргентинецот реализираше постојан трансфер во „паркот на принцовите“, а двата клуба потврдија со официјални објави.

Италијанските медиуми пишуваат дека ПСЖ го купил договорот на Икарди за 50 милиони евра, и дека Интер може да заработи дополнителни осум милиони евра врз основа на бонусот. Француските медиуми, од друга страна, ја намалуваат количината на можни бонуси на пет милиони евра.

Според сè што може да се прочита, договорот меѓу двата клуба опфаќа и „италијанска клаузула“, според која ПСЖ ќе треба да му плати на Интер дополнителни 15 милиони евра ако го проде Икарди во италијански клуб во наредните 12 месеци.

За време на сезоната 2019/2020 помината на позајмица во ПСЖ, Икарди направи вкупно 31 настапи за екипата од главниот град на Франција. Тој постигна 20 голови и додаде четири асистенции.