ФУДБАЛ

Сака доби дозвола да ги пропушти репрезентативните натпревари

Фото: Soccer Football - Champions League - Group B - Arsenal v PSV Eindhoven - Emirates Stadium, London, Britain - September 20, 2023 Arsenal's Bukayo Saka in action Action Images via Reuters/Paul Childs - UP1EJ9K1LAVL0

Иако се чинеше дека репрезентацијата на Англија ќе ги игнорира пораките од Арсенал и ќе го вклучи Букаи Сака во тимот, во понеделникот вечерта пристигна информација дека младиот играч нема да игра за Англија во октомвриските квалификации за ЕП.

Букајо Сака пристигна во кампот на репрезентацијата во понеделникот, но се враќа дома по извршените дополнителни лекарски прегледи. Лекарите на репрезентацијата се согласија со оценката на лекарите на Арсенал дека Сака не е подготвен за настап.

Сака го пропушти натпреварот против Манчестер Сити во неделата, но на барање на тренерот се појави на репрезентативниот собир.

Лекарскиот тим на репрезентацијата констатира дека Сака се уште не може да му се стави на располагање на селекторот.

„Букајо Сака беше прегледан од лекарскиот тим на репрезентацијата и беше одлучено играчот да го продолжи закрепнувањето во клубот. Герет Саутгејт не планира да повика некого како замена“, велат од репрезентацијата на Англија.

Англија најпрвин ќе одигра пријателски натпревар со Австралија на 13 октомври, а потоа ќе се соочи со Италија на 17 октомври. Победа на овој меч веќе би и донела на Англија пласман на ЕП.