Лионел Меси го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека пред да ја заврши својата богата кариера, сака уште еднаш да соработува со Пеп Гвардиола.

Аргентинскиот интернационалец е еден од најдобрите фудбалери во ерата на Гвардиола кој беше предводник на каталонскиот гигант Барселона од 2008 до 2012 година. Меси со Гвардиола освои две титули во Лигата на шампиони и три во Примера дивизион и две во Купот на Шпанија.
- Ќе биде многу тешко, но би сакал повторно да соработувам со Гвардиола. Пеп е еден од најдобрите тренери во светот и поради таа причина сакам да се врати на “Ноу Камп”. Сепак, според мене, тоа е многу комплицирано, изјави 31-годишниот играч на Барса.
И покрај јавно искажаната “љубов” кон Гвардиола, Меси додаде дека е презадоволен од соработката со актуелниот тренер на Барса, Ернесто Валверде.
- Оваа сезона повторно играме 4-3-3. Изминатата сезона игравме со четри играчи за врска и немаше многу место во нападот за постигнување на погодоци. Сега имаме поголем посед на топката и играме многу подобро. Во последниот период има напредок и кога е во прашање играта во дефанзивата, додаде Меси.