ФУДБАЛ

„Сакате да го напуштам ПСЖ? Добро, дајте ми 200 милиони евра“

Нејмар ова лето би можел да го напушти ПСЖ.

Се чини дека ваквата одлука му се допаѓа и на Килијан Мбапе, човекот кого ПСЖ со месеци го убедуваше да потпише продолжување на договорот, а со парафирањето на договорот напаѓачот доби и поголеми овластувања во тимот.

Односот меѓу Нејмар и Мбапе се чини дека стана далечен со текот на времето и многу подобрите игри на Французите, кои го направија неприкосновен лидер на тимот.

 

Заминувањето на Бразилецот воопшто не изгледа нелогично со оглед на актуелниот контекст, а интерес веќе пројави и европскиот гигант.

Според медиумите на островот, Нејмар нема да каже „не“ за трансферот во Челзи, каде што по се изгледа веќе бил предложен и таа опција ја земал предвид Тод Боли, новиот мнозински акционер на „сините“.

 

Сепак, потегот е далеку, бидејќи сложената ситуација на Бразилецот им дава простор на Англичаните, кои би го сакале и Кристијано Роналдо.

 

Се чини дека има услов кој Бразилецот го постави за да го прифати трансферот од ПСЖ во друг тим.

 

Напаѓачот сака да му биде исплатена целосната плата која мора да ја добива до 2027 година, односно 200 милиони евра, пренесува Ел Паис.

 

Нејмар во Пари Сен Жермен пристигна во летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра, што и понатаму е светски рекорд по трансфери.