ФУДБАЛ

„Сакав да се самоубијам минатата година. Не видов излез“

Пол Мерсон, поранешен англиски фудбалер и првотимец на Арсенал, изјави дека размислувал на најлошото сценарио минатата година.

Легендарниот фудбалер на Арсенал со години се бореше со зависност од алкохол и коцкање, предизвикувајќи тој да стане депресивен и сега за англиските медиуми откри дека размислувал за убиство.

„Во понеделник ќе биде година откако престанав да пијам. Но, во ова време минатата година, сакав да се самоубијам. Едноставно не одеше, не глевад излез. Имав апчиња во рацете и вотка покрај мене и размислував за најлошото. Хорор“, напиша тој, во колоната за „Дејли Стар“.

На прашањето што на крајот го спаси, тој рече дека чувствува страв.

„Веројатно самиот страв влијаеше врз сè, но и помислата на мојата сопруга и децата. Се плашев да го сторам тоа на крајот“.

Сега кога веќе не пие и трезен, тој вели дека повеќе не размислува за лоши работи.

„Сега сум свесен за мојата болест и ја прифатив, јас живеам со тоа, а мир наоѓате само кога зборувате отворено за своите проблеми“, истакна Мерсон.