ФУДБАЛ

Салах никогаш не бил поактивен на Интернет, а навивачите на Ливерпул одамна не биле толку збунети

Репрезентацијата на Египет во петокот ги победи Свазиленд со 4:1, а натпреварот го одбележа Мохамед Салах кој постигна гол директно од корна.

Салах постигна неверојатен гол од корна во финишот на првото полувреме и повторно ја воодушеви фудбалската јавност. Сепак, сето тоа остана во сенка на повредата што Египќанецот ја доби пред крајот на натпреварот, па беше принуден да го напушти теренот.

Веројатно, Салах ќе се врати во Ливерпул утре, каде што ќе почне да се опоравува од повреда, за која се уште никој не зборува. Салах овие денови е прилично активен на социјални мрежи, но фановите на Ливерпул се збунети, поради тоа што воопшто не се споменува дали повредата е полесна или потешка.

Првите информации се дека Салах ќе биде прегледан по пристигнувањето во Ливерпул, кога точно ќе се знае дали тоа е сериозна повреда или не.

https://www.instagram.com/p/Bo5f0ecjagh/?utm_source=ig_embed