Мохамед Салах го воодушеви фудбалскиот свет оваа сезона со својот дрес на Ливерпул со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите.
Црвените во финалето во Киев беа совладани со 3-1 од Реал Мадрид, а Салах по повредата го напушти натпреварот во 30. минути. Египќанецот беше во дуел со Рамос, по што заврши на тревникот и не можеше да го продолжи натпреварот поради повреда на рамото.
Многумина го обвинуваат Рамос за намерно повредување на Салах. Рамос по натпреварот изјави дека тоа беше обичен дуел и испрати порака до Салах, дека ми е жал што се повреди на самиот крај на сезоната и почетокот на Светското првенство.
По две недели молк конечно се огласи и Салах, кој потврди дека Рамос му пратил порака, но дека никогаш не му рекол дека е во ред тоа што го сторил во финалето.
“Тоа беше најлошиот момент во мојата кариера. Точно е дека ми испрати порака дека ми посакува брзо закрепнување и ми објасни дека тој немал намера да ме повреди, но никогаш не му реков дека не е во ред тоа што го сторил. Кога паднав на земјата, чувствував голема болка и веднаш се грижив. Исто така, тоа беше бес и тага, затоа што нема да го играм остатокот од финалето на Лигата на шампионите. Тогаш наеднаш ми поминаа мисли низ главата дека може нема да играм на Светското првенство и тоа ме уништи. Сега сум подобро и се надевам дека ќе го играм првиот меч против Уругвај, но зависи од тоа како ќе се чувствувам “, рече Салах.