ФУДБАЛ

„Салах е на нивото на Меси и Левандовски“

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах игра исклучителна сезона во дресот на Ливерпул, а во гласањето за Златната топка заврши само на седмата позиција. Напаѓачот на Унион Берлин и поранешен соиграч од Ливерпул, Таиво Авониј зборуваше многу пофално за него.

Во изјава за медиумите, Мохамед Салах (29) не криеше дека има амбиција да се бори за најпрестижните индивидуални награди во светскиот фудбал.

„Тренирав со Салах, па знам дека има се. Има и искуство, играше за Челзи, Рома и сега е во Ливерпул. Тој е веќе на врвот, тој е на нивото на Лионел Меси и Роберт Левандовски “, изјави Таиво.

„Тој прави се на теренот и тоа добро функционира во неговиот тим. Постојано е мотивиран да биде подобар од претходно. Многу ми значеше да запознаам таков фудбалер, тој е навистина на највисоко ниво во моментов. Мило ми е што африканските фудбалери се сè поуспешни – Садио Мане, Мохамед Салах, Наби Кеита… Кога би знаеле од каде доаѓаат овие фудбалери и низ што поминале, уште повеќе би ги ценеле“, изјави нигерискиот фудбалер.

Салах е убедливо прв на листата на стрелци во Премиер лигата – на 16 натпревари во Премиер лигата постигна 14 гола, а запиша и 9 асистенции. Следен на листата на стрелци е Џејми Варди од Лестер со 9 голови, а соиграчот на Салах Диого Јота 8 пати ја затресе противничката мрежа.

https://twitter.com/AnfieldWatch/status/1471158358065532933

ПОВРЗАНО

Премиер Лига