„CIES“, угледен фудбалски институт од Швајцарија, објави список од 100 најскапи играчи од петте најсилни европски лиги.
Според Институтот за фудбалски набљудувања, најскапиот фудбалер е Килиан Мбапе. Ѕвездата на ПСЖ има вредност од 252 милиони евра.
Вториот, на листата составена врз основа на неколку показатели (ефект на терен, број на години, траење на договорот, маркетиншки аранжмани…) е Мохамед Салах, кој вреди (219,6 милиони евра).
Подиумот го комплетира Рахем Стерлинг. Вредноста на играчот на Манчестер Сити и англиската репрезентација изнесува 207,8 милиони евра.
Интересно, двајцата најпопуларни играчи на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, заедно имаат вредност колку Мбапе. Вредноста на Аргентинецот кој освои 4-то место изнесува 167,4 милиони евра, додека Португалецот е на 20-тото место и има вредност 118,1 милиони евра.
Во „Топ 10“ уште се: Џејдон Санчо, Садио Мане, Хари Кејн, Роберто Фирмино, Антоан Гризман и Лерој Сане.
Кога станува збор за фудбалери од регионот, на листата е само Лука Јовиќ. Вредноста на овој играч е проценета на 66,4 милиони евра.