Мохамед Салах не е сигурен за иднината по триумфот во Премиер лигата.
Салах придонесе 19 голови за Ливерпул оваа сезона, со што вкупно постигна 94 гола на 151 настапи откако беше префрлен на „Енфилд“ од Рома во 2017 година.
На прашањето дали иднината е во Ливерпул или на друго место, Салах одговори: „Само сакам да уживам во овој момент“.
„Никој не ја знае за иднината и што ќе се случи. Ќе видиме што се случува“.
„Но, во моментот кога ја освоивме Лигата на шампиони, Премиер лигата, јас сум многу среќен. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, но среќен сум што ги освоив овие трофеи“.
Се шпекулира дека Реал Мадрид веќе подолго време го следи Салах.