Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах беше исклучително задоволен по победата над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Избраниците на Јирген Клоп славеа со убедливи 5:0 во најголемото дерби во Англија.
„Тоа е голема победа. Знаевме пред натпреварот дека нема да биде лесно ако не ја играме нашата игра“ , рече Салах.
„Бевме свесни дека ќе пробаат се и дека мораме да дадеме максимум. Се обидовме да се држиме до нашиот план, да создаваме шанси и за среќа постигнавме голови“.
Египќанецот беше херој на триумфот со три гола и асистенција.
„Се додека тимот победува, јас сум задоволен. Се трудам да бидам најдобро што можам, за да победиме. За првиот гол е заслужен Кеита“.
HAT-TRICK HERO!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! pic.twitter.com/maFu9EWXin
— Liverpool FC (@LFC) October 24, 2021
На прашањето за што зборуваа играчите на полувремето, кога веќе водеа со 4-0, Салах рече:
„На полувремето рековме да продолжиме да играме и да постигнуваме што повеќе голови.“
Ливерпул е втор на табелата со 21 бод, еден помалку од водечкиот Челзи.
„Знаеме што е потребно за да ја освоиме Премиер лигата, го направивме тоа пред две години. Ова е голема победа, но освоивме само три бода. Мора да победуваме на секој натпревар за повторно да бидеме шампиони“.