Мохамед Салах веќе неколку сезони игра во фантастична форма во дресот на Ливерпул.
Салах пристигна во Ливерпул во летото 2017 година од Рома за 42 милиони евра и тоа се покажа како фантастичен потег на „црвените“.
Египќанецот за кратко време стана првата ѕвезда на клубот од Енфилд, и еден од најдобрите играчи во светот во последните неколку сезони.
Сепак, во последно време многу се шпекулира дека Салах би можел да го напушти Ливерпул на лето. Тој има договор со „црвените“ до летото 2023 година, но очигледно е подготвен да остане.
Салах изјави дека не размислува за заминување од Ливерпул, и дека е подготвен да го продолжи договорот. Тој јасно стави до знаење дека веќе им кажал на челниците на „црвените“ што очекува, и дека не побарал никакви луди работи во новиот договор.
„Сакам да останам во Ливерпул, но се е во нивни раце. Тие знаат што сакам и не барав од нив никакви луди работи во договорот“, изјави Салах.
Салах и оваа сезона игра во фантастична форма, бидејќи на 26 натпревари веќе постигна 23 гола и додаде уште девет асистенции.
Од неговото доаѓање на „Енфилд“ за Ливерпул, тој одигра вкупно 229 натпревари и постигна 148 голови и забележа 56 асистенции.