ФУДБАЛ

Салах: Меси е подобар од Роналдо

Секогаш е актуелна децениската тема дали Лионел Меси или Кристијано Роналдо е подобар фудбалер.

 

Свое мислење за ова даде најдобриот фудбалер на Ливерпул и египетски репрезентативец Мохамед Салах. За него воопшто нема дилема.

 

„Меси е подобар. Апсолутно нема дебата за тоа “, рече Салах.

 

Двата асови се доминантни фигури во светскиот фудбал во последните 15 години. Освоија голем број трофеи, а она што сега го одликува Меси е неодамна освоената титула светски шампион со Аргентина на Светското првенство во Катар.