Тешко е да се очекува Мохамед Салах да ја повтори сензационалната мината сезона. Египќанецот ја отвори сезоната 2018/2019 во малку послаб ритам.
И минатата сезона имаше шпекулации дека му е “судено” на трансфер во Реал Мадрид, а легендата на Арсенал Пол Мерсон истакнува дека ова е многу реално сценарио со оглед на тоа што, според него, Египќанецот не делува среќено во Ливерпул.
“Само е прашање на време кога Реал ќе чукне на вратата. Зошто не би го правиле тоа? Потребно им е нешто големо и ќе го сакаат во јануари. Сега се мачат… Ако сака да се пресели во Реал, Ливерпул ќе биде беспомошен”, напишал во неговата колумна за “Дејли Стар Мерсон” и додал:
“Не можам да се сетам на играчи кои ги одбиле Реал Мадрид или Барселона. Тоа е едноставно посебно ниво. Салах моментално не изгледа среќно во Ливерпул, веќе имаме видено слични работи… Ако се одземат неговите голови Ливерпул веќе не е кандидат за титулата. Навивачите на Ливерпул веќе гледале како големите играчи заминуваат. Ќе бидат бесен ако и Салах го направи тоа”.