Фудбалерите на Ливерпул му го нанесоа првиот пораз сезонава на Наполи во сите натпреварувања.
Англискиот тим уште пред последниот натпревар против „наполитанците“ обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но имаа можност на крајот да победат пред своите гледачи со четири или повеќе гола разлика и да го освојат првото место во групата.
Но, и гостите од Италија, кои во првиот натпревар на стадионот „Диего Армандио Марадона“ целосно го надиграа Ливерпул со 4:1, го измачуваа тимот на Јирген Клоп на „Енфилд“. Дури и поведоа на почетокот на вториот дел, но ВАР го поништи голот поради минимален офсајд.
На крајот Ливерпул успеа да победи (2:0), што не му го донесе првото место во групата, но според актерот тоа ќе му помогне на полето на самодовербата. Доцните голови ги постигнаа Мохамед Салах во 85. минута и Дарвин Нуњез во осмата минута од судиското надополнување (90+8).
„Да се победи еден од најдобрите тимови во светот е одлично чувство. Мора да продолжиме вака, тоа е добар резултат што ќе ни даде поголема самодоверба да продолжиме да се натпреваруваме во Лигата на шампионите и во Премиер лигата“, изјави Мо Салах по натпреварот .
На неговиот водечки гол му претходеше проверка на ВАР.
„Искрено, не знаев дека тоа е мојот гол бидејќи топката беше таму. Благодарам што го потврдивте тоа!“, изјави Египјанецот.
Салах беше прогласен за играч на натпреварот.
„Не е важно кој го постигна голот, тоа може секој од тимот, важно е што победивме како тим. Ова беше навистина важна победа вечерва. Не ни оди одлично во Премиер лигата, но ова ќе не поттикне напред и се надеваме дека ќе продолжиме да победуваме. Одигравме навистина добар натпревар.
Ливерпул гостува кај Тотенхем во следниот натпревар од Премиер лигата.
Your #LIVNAP Player of the Match 😍 pic.twitter.com/rmVH0IDxhc
— Liverpool FC (@LFC) November 1, 2022