Холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк го засили Ливерпул на почетокот од оваа година со рекорден трансфер од Саутемптон.
Ливерпул во Ван Дајк инвестираа огромна сума на пари, а на почетокот навивачите беа доста скептични за тоа. Сепак, Холанѓанецот за кратко време покажа дека се работи за брилијантен дефанзивец и сега одбраната на Ливерпул едноставно незамислива е без него.
Ван Дијк веднаш постигна многу добри односи со новите соиграчи, а се издвојува Мохамед Салах. Интересно, Салах призна дека морал да го „гугла“ Ван Дајк кога пристигнал во јануари, на Енфилд.
„Ух, голем фудбалер. Најцврстиот играч кој го знам. Признавам дека го „гуглав“, кога дојде, бидејќи не знаев колку години има. Мислев дека има 35 или 36 години. Тоа е голем играч и човек, иако никогаш не ја плати сметката во ресторанот“ , Рече Салах преку смеа.