Мохамед Салах неодамна изјави дека важи за најдобар фудбалер на светот на својата позиција, а од Карло Анчелоти беше побарано да ја коментира неговата изјава во пресрет на натпреварот помеѓу Реал и Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.
Анчелоти на прес-конференција пред дуелот со Кадиз зборуваше за Салах и само го потврди она што го кажа Египќанецот.
“Салах рече дека е најдобар во светот на својата позиција и мислам дека е во право. Се согласувам со него. Во неговата позиција, да, тој е најдобар во светот”, изјави Анчелотии, цитиран од Marca.
Откако пред неколку недели беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата, Салах не се сомневаше во неговата вредност во однос на другите фудбалери во светот кои играат на истата позиција.
„Ако ме споредите со кој било друг играч на мојата позиција, не само во мојот тим, туку и во светот, ќе видите дека сум најдобар. Секогаш се фокусирам на мојата работа, да дадам се што можам, а бројките се совршен доказ“, изјави Салах за beIN SPORTS во тоа време, додавајќи:
„Секогаш сакам да наоѓам нови предизвици, да работам на различни начини и да направам разлика. Тоа е мојата работа.
Да потсетиме, сезонава на 48 натпревари постигна 30 гола и додаде 16 асистенции.