Мохамед Салах пристигна во Габон и се приклучи на египетската репрезентација.
Иако Ливерпул беше против Салах да игра во овој репрезентативен прозорец за Египет, тој на крајот пристигна на собирот на тимот.
Тој го пропушти натпреварот на 1 септември против Ангола бидејќи Египет е на британската црвена листа на мерки за коронавирус, но затоа пристигна во Габон.
Оваа информација ја потврди Фудбалскиот сојуз на Египет, па sвездата на „црвените“ ќе го предводи нападот на својата репрезентација против Габон во квалификацискиот натпревар за СП.
Патем, по последното патување на репрезентативниот собир, Салах се врати со коронавирус, па имаше страв на Енфилд.