Саудискиот Ал Итихад е многу заинтересиран за потписот на египетскиот напаѓач Мохамед Салах, суперѕвездата на Ливерпул. Според „инсајдерот“ Арон Домингез, Салах ја прифатил понудата на тимот од Џеда, но преговорите меѓу овој богат тим од саудиската Про лига и гигантите од „Енфилд“ се уште траат.
Домингез наведува дека една од клучните улоги во убедувањето на Салах да се пресели во Ал Итихад имал Карим Бензема, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, кој исто така им се приклучи на жолто-црните во актуелниот преоден рок.
Ал Итихад веќе заврши неколку фантастични трансфери – покрај Бензема, клубот летово го додаде и Фабињо Нголо Канте.
Наскоро повеќе…
Салах (31) за Ливерпул настапува од 2017 година, кога од Рома премина во тимот на Јирген Клоп. Претходно настапуваше за Ал Мокавлун, Базел, Челзи и Фиорентина. За репрезентацијата на Египет одигра 90 натпревари и постигна 51 гол.
🚨🚨[ @Aaronvalden77 ]
— قال محمد صلاح نعم لعرض الاتحاد.
— لعب بنزيما دوراً أساسيا في إقناعه.
— يتفاوض الاتحاد و ليفربول على الرغم من أن ليفربول يريده أن يبقى.
🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/UoPHnzB9KH
— عزيز (@13zlz) August 24, 2023
