ФУДБАЛ

Салах синоќа влезе во историјата на Ливерпул

Мохамед Салах постигна два гола синоќа во победата на Ливерпул против Атлетико Мадрид и влезе во историјата.

Имено, Салах постигна гол во осмата минута и го смести првиот играч на Ливерпул кој постигнал гол на девет последователни натпревари во 129-годишната историја на клубот.

Така Египќанецот ја потврди класата и навивачите беа воодушевени.

Серијата започна против Челзи, а продолжи со дуели со Лидс, Кристал Палас, Брентфорд, Манчестер Сити, Ватфорд, Милан, Порто, а сега и Атлетико Мадрид.

Ливерпул синоќа славеше со 3:2 во одличен натпревар.

По три кола, англискиот тим има максимален учинок, додека Атлетико и Порто се на четири бода. Милан е без бодови и е најголемото разочарување досега.