ФУДБАЛ

Салихамиџиќ го завршува трансферот на својот омилен фудбалер

Хасан Салихамиџиќ е во завршна фаза од преговорите за трансфер на одличниот англиски фудбалер Калум Хадсон-Одои од Челзи.

Салихамиџиќ е голем фан на 19-годишното крило. Една и пол година сакаше да го донесе во Баерн, а првиот конкретен обид минатата година беше запрен со повреда.

Сепак, Хадсон-Одои не е во прв план со Френк Лампард во Челзи. Баерн е подготвен да го доведе во своите редови и преговорите меѓу двата клуба влегоа во последната фаза.

„Скај Германија“ тврди дека работата е веќе завршена, но останува да видиме во следните часови што ќе се случи.

Со евентуалното доаѓање на Хадсон-Одои, Баерн ќе стави крај на потрагата по крилен напаѓач.